Скромно дерби – Реми без голови меѓу Севилја и Барселона

Севилја успеа да ја прекине серијата од три порази по ред со гол-разлика од 1:14 во дуелите со Барселона и одигра нерешено во меч од 30. коло во Ла Лига.

Двете екипи имаа шанси за голови, но не успеаја да ја затресат мрежата на Вацлик и на Тер Штеген, па мечот заврши без голови.

Ова е прво реми без голови на двете екипи по пауза од цели 9 години. Последен пат беше 0:0 на „Камп Ноу“ во октомври 2011 година.

На исходот на мечот на „Рамон Санчес Писхуан“ најмногу се радува Реал Мадрид, екипа што има шанси со победа против Реал Сосиедад да се израмни на врвот на табелата со вечниот ривал Барселона.

Каталонците се лидери со 65 бода, три повеќе од Реал, но имаат одиграно еден меч повеќе.

Севилја остана на третото место, сега со 52 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести