Скромно за мажите, ама рекордно кај дамите – Саманта Кер ќе се запише во историја

Саманта Кер ќе го засили Челзи, трансферот е договорен и ќе биде рекорден во историјата на женскиот фудбал. Најдобриот стрелец во историјата на австралиската лига ќе потпише 2.5-годишен договор и ќе заработува по 480 илјади евра годишна плата.

Тоа е за малку повеќе од платата што ја има ланската лауреатка и добитничка на Златната топка, Ада Хегерберг.

Кер има 26 години и игра како напаѓач, а е топ-голгетерка од постоењето на австралиската професионална женска лига.

Колку за споредба нејзината годишна плата е за околу 160 пати помала од рекордот кај мажите што го држи Лионел Меси со загарантирани 80 милиони евра годишна плата во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести