Скршен од болка, Луис Енрике потсети дека таа денеска ќе наполнеше 13 години

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, многу посакува неговиот тим вечерва да ја победи Германија, и да му ја ублажи болката која му ја носи сеќавањето на датумот 27-ми ноември.

На 29-ти август 2019 година, на 9-годишна возраст почна ќерката на Луис Енрике. Малата Чана имаше ретка форма на рак на коските, и за жал, ја загуби животната битка. А, денеска, на 27-ми ноември, Чана ќе славеше роденден.

„Денеска е специјален ден за мене, не само поради мечот со Германија, туку бидејќи мојата ќерка ќе наполнеше 13 години. Љубов моја, каде и да си, те сакам“ – напиша Луис Енрике на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести