Скудетото ќе биде на „Диего Армандо Марадона“, Серија А нема план што ќе биде ако Интер стане шампион

Наполи и Интер се двата тима кои до последната минута ќе се борат за титулата во италијанската Серија А. Во последното коло Наполи влегува како лидер со 79 бода, еден повеќе од актуелниот првак Интер, кој има 78 бодови.

Во последното коло Наполи на свој терен го пречекува Калјари, а Интер ќе гостува кај Комо. Челниците на Серија А одлучија шампионскиот трофеј да биде на стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде што Наполи пред своите навивачи ќе бара победа за сигурно освојување на шампионскиот трон.

Сепак, постои опција ако Наполи не победи, а Интер слави на гости кај Комо, Нераѕурите да бидат прваци. Во тој случај, Интер ќе треба да ги добие пехарот и медалите, но челниците на Серија А немаат резервен план за тоа да се случи в петок, кога ќе се игра средбата.

Најавите се дека ако Интер стане првак, нема да има никакво славење на гостите во Комо, а шампионскиот пехар и медалите за Нераѕурите ќе бидат доделени на посебна церемонија в недела.

- Оглас -

Најнови вести