Само еден прогнозер од вкупно 2.415 учесници во 11-тото коло на Спортска прогноза погоди девет од понудените 13 пара, но тоа не е доволно ниту за ваучер во Sport Life.
Враќањето на клупскиот фудбал на Спортска прогноза по репрезентативната пауза, се покажа како тежок предизвик за прогнозерите, а екипите поради кои нема подобар учинок од 9 погодени парови се Реал Мадрид, Сампдорија, Фрајбург и Вулверхемптон.
Кралевите ремизираа при 1-1 на гостувањето кај Вилјареал, а 65,19% од учесниците очекуваа дека тимот на Зинедин Зидан ќе победи. Сампдорија загуби со 1-2 на домашен терен од Болоња, меч во кој 74,13% од прогнозерите очекуваа триумф на домаќините.
Најголема „сопка“ беше кецот на Фрајбруг со Мајнц. Фрајбург загуби со конечни 1-3, а речиси 80% од учесниците очекуваа исход во полза на домашниот состав.
Саутхемптон вчера не дозволи да загуби на гости Вулверхемптон при конечни 1-1, во овој случај 72,35% од учесниците типуваа победа на Волците.
Новото, 12-то коло на Спортска прогноза ќе биде достапно денес од 14 часот.