Слаба ефикасност во Купот, пенал драма во Кавадарци

Екипите на Македонија Ѓорче Петров и Воска спорт се полуфиналисти во Купот на Македонија во фудбал, а четворката ќе биде комплетирана утре, по одигрувањето на средбата Работнички – Шкупи, меч кој не се одигра денеска поради лоши услови на теренот во Маџари.

Лавовите од Ѓорче Петров се бранители на трофејот, а денешната победа над Силекс од 1-0 им ја донесе Алији.

Во Штип, Брегалница загуби од Воска со 0-1, стрелец беше Јашароски, кој даде убав гол со глава од 15-тина метри. На почетокот на второто полувреме црвен картон доби голманот на штипјани и гостите ја искористија бројчаната предност.

Тиквеш и Брера одиграа 1-1 по 90 минути, а во пенал-рулетот поуспешни беа домашните дури по осум серии. Кавадарчани утнаа два, а струмичани три пенали.

- Оглас -

Најнови вести