Шпанска Севилја е кандидат број 1 за ангажман на Николас Пепе, најскапиот топчија во историјата на Арсенал.
Офанзивецот на клубот од Лондон е пред трансфер, а покрај Севилја во трка за негов потпис се и премиерлигашот Лидс и двата француски гиганти, Лион и Олимпик Марсеј.
Пепе пристигна во Лондон во редовите на Арсенал во август 2019 година за 79 милиони евра, што е убедливо најскап трансфер на популарните Топчии.
За трите сезони што досега ги мина во црвениот дрес на англискиот гигант не потврди дека го залсужува првото место на вечната клупска листа како најскапо засилување.
Сепак и со скромните настапи очигледно е дека го бие добар глас, барем според интересот и имињата на клубовите што сакаат да го ангажираат веќе ова лето.