Сладок фил за „карамелите“ – Евертон подобар од Арсенал

Фил Џагиелка го постигна единствениот гол на дербито во Премиерлигата, со кој Евертон го победи Арсенал со 1:0 и ја сопре серијата на гостите од шест меча без пораз во англискиот шампионат.

Џагиелка погоди во 10. минута, доволно за домаќините да ги освојат трите бода. Арсенал беше фаворит, но Евертон одигра подобро и имаше позрели шанси, а првата ја искористи фудбалерот што не требаше да игра во стартната постава на домашниот тим.

Џагиелка во последен момент се најде во првиот состав на Евертон како замена за најавениот Кин. И тоа се покажа како добитна комбинација за „карамелите“. Голот на 36-годишниот ветеран е јубилеен 800-ти за Евертон на „Гудисон Парк“.

Арсенал пропушти шанса да се врати на третата позиција, па сега е на четвртата позиција со 63 бода, исто како и Челзи, на шест меча до крајот на Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести