Сладок пресврт за опстанок на Карамелите, Евертон се спаси со чудо од 0:2 до 3:2

Евертон ќе игра во Премиер лигата и следната сезона откако направи огромен пресврт за победа од 3:2 против Кристал палас.

Карамелите губеа со 0:2 до 54-тата минута, кога го почнаа чудесниот пресврт со три гола по ред, кои вредат опстанок во најсилната англиска лига.

Шокантни беа првите 36 минути за домаќините и Кристал палас поведе со головите на Матета и на Ају.

Превсртот го најави Кин со гол за 1:2 во 54-тата минута, а го завршија двајцата најдобри стрелци на Евертон, Ришарлисон и Калверт Луин.

Евертон има четири бода повеќе од Лидс и од Барнли пред стартот на последното коло во Англија.

Барнли освои еден бод на гостувањето кај Астон вила со реми 1:1, а ќе им треба победа против Њукасл за сигурен опстанок.

Лидс има еднаков број бодови, но и многу послаба гол-разлика од Барнли, па се надеваат на кикс на конкурентот за да играат пак во Премиер лигата.

Вечерва во Лондон нерешено 1:1 одигра и Челзи против Лестер.

- Оглас -

Најнови вести