Слаломот на Азар ги скрши „чеканите“ (Видео)

Челзи го победи Вест хем во градското дерби на Лондон со 2-0, а Еден Азар играше симултанка со противникот. Гостите се држеа добро до 24-тата минута, кога блесна Еден Азар.

Со неколку дриблинзи во слалом ја исфрли од игра комплетната одбрана на Вест хем и ја затресе мрежата на Фабијански за предност на фаворитот.

https://www.youtube.com/watch?v=h3stB0r7Wv0

Азар продолжи да доминира на теренот, а печат на одличната партија стави во 90-тата минута, кога повторно беше прецизен. Вест хем ја прекина серијата од три меча без пораз од Челзи и остана на 11-тото место со 42 бода.

Челзи со меч повеќе ги прескокна двата лондонски ривали во битката за позиции кои водат во Лигата на шампионите. „Сините“ сега имаат 66 бодови, зад дуото Манчестер сити и Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести