Американската алпска скијачка Микаела Шифрин победи во женскиот слалом на Олимписките игри, и тоа дури со 1,50 секунди подобро време од втората Камила Раст.

Шифрин, која е најуспешна во историјата на скијањето по бројот на победи во Светскиот куп, претходно победи во слалом и на Олимписките игри во 2014 година, кога имаше 18 години и во велеслалом на Игрите во 2018 година. Во Пекинг 2022 доживеа дебакл и не освои ништо.
Осум години чекаше и дочека пак да освои најсјајно одличие. Ова е нејзино трето олимписко злато, со што е единствена Американка со таков скор во алпско скијање.

