Слатка добивка со Лотарија на Македонија – Семејство од Кичево доби стан со инстант лоз од серијата „Доме, сладок доме“

Наташа и Валентино Тренески од Кичево се среќните добитници на стан во Скопје од 59 квадрати откако имаа голема среќа со инстант лозот на Лотарија на Македонија во играта „Доме, сладок доме“.

Во продажното место Детелинка, среќното семејство кое брои четири члена купиле еден лоз од инстант серијата „Доме, сладок доме“, а приказната е интересна со среќен крај и огромна добивка во вредност од 5 милиони денари.

На една од вообичаените семејните пролетни прошетки, со 3-годишната ќерка Меланија и 4-месечното бебе Даријан, Наташа и Валентино купиле еден лоз „Доме, сладок доме“, го ставиле во количката на Даријан со намера да го изгребат дома, но го заборавиле.

Така, Даријан неколку дена им го чувал лозот, на кој имало добивка од 100 денари. Се договориле Валентино да појде и да го замени, а новиот лоз Валентино го изгребал на продажното место.

Откривањето на добитниот број токму во полето на станот од 59 метри квадрати, донесе многу среќа и радост во семејството Тренески. Валентино имал среќна рака и доживеал огромно изненадување, што се претворило во голема радост бидејќи веднаш на лице место на продажното место било потврдено дека лозот е добитен, а наградата во вредност од над 5 милиони денари е стан во Скопје.

Валентино веднаш пресреќен и се јавил на сопругата, а таа мислејќи дека е шега го прекинала разговорот. Потоа успеале да се објаснат, а следуваше пат во Скопје.

Наташа и Валентино со двете дечиња пристигнаа во главниот град, го видоа својот стан и при прошетката низ него ја раскажаа среќната приказна и не ја криеја својата возбуда. Наташа конечно сфати дека Валентино не се шегувал со неа, иако тие, како на шега, освоија стан во Скопје само за 100 денари.

Ова е втор од 5-те среќни станови во среќната зграда на улиша „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје, во населбата Аеродром. Добивката е втора по големина на инстант лозот „Доме, сладок доме“ со вкупна вредност од 5.237.031 денар.

Сите добивки се со пресметан данок, па добитниците без никакви обврски ги добија документите и клучевите од станот во играта „Доме, сладок доме“ на Лотарија на Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести