Слатка одмазда: Играше за Сандерленд, им даде хет-трик, па го „поздрави“ тренерот кој го продаде (ВИДЕО)

Крис Мегваер изминативе три сезони го носеше дресот на Сандерленд пред летово да биде продаден на Ликнон.

Токму тие две екипи вчера се соочија во рамките на Англиската лига 1, каде што Мегваер со три погодоци беше најдобар во победата на неговиот тим од 3:1.

Интересен беше моментот кога при постигнувањето на првиот гол во 31-вата минута, тој отиде кај тренерот на Сандерленд, Ли Џонсон, да го „поздрави“ и да му упати неколку зборови бидејќи токму стратегот бил тој што побарал од раководството Мегваер да биде продаден.

- Оглас -

Најнови вести