Слатка одмазда – Лондонското дерби за Арсенал

Арсенал го доби градското дерби против Челзи со конечни 2-0 на „Емирати“. Избраниците на Унаи Емери на тој начин им се реваншираа на „сините“ за поразот во првиот меѓусебен дуел во оваа сезона, кој на „Стемфорд бриџ“ заврши со 3-2.

Домаќините стартуваа фуриозно, имаа неколку добри шанси во воведните минути кои ги спречи голманот на Челзи, но веќе по 14 минути игра Арсенал стигна до прва предност. Стрелец на голот беше Лаказет, кој го постигна деветтиот погодок во Премиер лигата за оваа сезона. Потоа гостите со додатен притисок се обидуваа да израмнат, но наместо тоа, тие беа казнети откако Кошчелни во 39-тата минута зголеми на 2-0, а воедно го постави и конечниот резултат.

Арсенал со оваа победа успеа да му се доближи на Челзи на табелата, па сега бодовната разлика е само три во корист на „сините“ кои со 47 бода стојат на четвртото место.

https://twitter.com/D9INE_FOOTBALL/status/1086681439800778753

https://twitter.com/GRI_TV/status/1086689982478086144

- Оглас -

Најнови вести