Слатка победа на Карамелите над Челзи, Пикфорд ја имаше одбраната на сезоната (Видео)

Евертон победи со 1-0 против Челзи, со голот на Ришарлисон на почетокот на второто полувреме, и освои три големи бодови во битката за опстанок во Премиерлигата.

Карамелите и понатаму се загрозени и се наоѓаат на место кое води во Чемпионшип, но имаат и меч помалку, кој ако го добијат, ќе се искачат на позиција која значи опстанок. На Челзи веќе и не му е гарантирано местото во ЛШ, особено што победи Тотенхем со 3-1 против Лестер, па сега Петлите се на пет бода зад Челзи, на четири кола до крај.

Заслуга за победата над Сините од Лондон има и голманот Џордан Пикфорд, со неколку феноменални интервенции, а меѓу нив најспектакуларната беше после шутот на Аспиликуета во 59-та минута откако претходно топката се одби од стативата.

- Оглас -

Најнови вести