Слатко е вака – Мајорка не играше вечерва, но слави пласман во Ла Лига

Александар Трајковски и неговите соиграчи можат да слават пласман во Првата шпанска лига иако вечерва не играат, но веќе се недостижни за главниот конкурент Алмерија на второто место на табелата во Сегунда.

Алмерија, која сè уште имаше минимални шанси да го загрози второто место на Мајорка, вечерва загуби со 3:2 од Картагења и остана на недостижна дистанца од 8 бода на две кола до крајот на Втората лига во Шпанија.

Мајорка не чекаше многу за камбек во Ла Лига откако лани испадна како претпоследен тим на табелата во најсилната шпанска фудбалска лига.

Интересно е што со нив испадна и Еспањол, па сега во тандем се враќаат во прволигашкото друштво. Во Сегунда ќе се игра бараж-плејоф за уште еден билет за Ла Лига, а шанси има и Рајо Валјекано, тим за којшто брани Столе Димитриевски.

Засега кандидати се пет екипи за четири места што водат во баражот, а шанси имаат Алмерија, Леганес, Жирона, Рајо и Спортинг Хихон.

 

- Оглас -

Најнови вести