Слатко им е на Пчелите од Лондон – Томас Франк го продолжи договорот до 2027 година (Фото)

Данецот Томас Франк за кого се врзани најголемите успеси на Брентфорд го продолжи договорот со популарните Пчели од Лондон до 2027 година.

Франк е тренерот што во прекланската сезона успеа да обезбеди промоција на клубот во Премиерлигата, по 9 неуспешни настапи во плејофот во Чемпионшип лигата.

Неговата приказна во Брентфорд е интересна, бидејќи дојде во Лондон како помошен тренер во 2016 година.

Потоа доби задача да ги координира играчите од А и од Б тимот на Брентфорд, а неочекувано во 2018 година доби шанса да биде главен тренер на местото на Дин Смит.

Шансата ја искористи максимално и по еден неуспешен обид во плејофот за влез во Премиерлигата, тоа на Франк му успеа со Брентфорд преклани.

Данецот кој има 49 години и во Премиерлигата одлично кормилари со популарните Пчели.

Во првата сезона лесно успеа да избори опстанок, а и во оваа што е во тек во Англија, Брентфорд е во мирните води, на 10-то место.

 

- Оглас -

Најнови вести