15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Славчо Војнески е нов тренер на саудискиот клуб Ал-Оробах

Македонскиот фудбалски стратег Славчо Војнески започнува нова страница во својата тренерска кариера. Тој е официјално промовиран како нов предводник на саудискиот клуб Ал-Оробах, кој ќе се натпреварува во Втората лига на Саудиска Арабија во новата сезона.

Во стручниот штаб на Војнески ќе му се приклучат и македонските фудбалски имиња Филип Деспотовски и Сашко Поповски, што ја зацврстува македонската врска во тимот.

Целта на Ал-Оробах ќе биде јасна, враќање во елитното друштво на саудискиот фудбал, а искуството на Војнески во интернационалниот фудбал ќе биде клучно во таа мисија. Тој досега има работено во неколку клубови ширум Европа и Азија, вклучувајќи ги Петрокаб, Пахтакор, Серед, како и во Турција со екипи како Ризеспор, Газијантепспор, Генчлербирлиги и Елазигспор.

- Оглас -

Најнови вести