16.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Славеа до раните утрински часови, зад себе оставија депонија (видео)

Ливерпул од вчера и официјално е владетел на фудбалска Англија откако Челзи го совлада бранителот Манчестер сити, по што Граѓаните немаа ниту математички шанси да ги стигнат Црвените.

По последниот судиски свиреж во Лондон, навивачите на Ливерпул излегоа на улиците да ја прослават долгоочекуваната титула во Премиер лигата, за ваква радост чекаа дури 30 години. Толпата навивачи се собра пред „Енфилд“ за прославата која траеше до раните утрински часови, а резултат на еуфоријата е депонијата која ја оставија зад себе.

Денес пред „Енфилд“, поточно пред популарната трибина „Коп“ беше забележана огромна количина на отпад. Стаклени шишиња, заштитни маски, лименки и што уште не остана на асфалтот.

https://twitter.com/ftbl_kai/status/1276442534567391232

- Оглас -

Најнови вести