Славеа како да освоиле ЛШ, а потоа дознаа дека веста била лажна (Видео)

Фудбалерите на Бирмингем испаднаа од англиската Чемпионшип дивизија и од следната сезона ќе играат во третиот ранг, Лига 1. Тие го победија Норвич со 1-0, но победија и конкурентите, па Бирмингем со бод помалку од Плимут испадна од лигата.

Сепак, интересна ситуација имаше на крајот од мечот. На трибините се прошири лажна вест дека Хал успеал да го израмни резултатот против Плимут, па навивачите започнаа да го слават опстанокот, но не беше така, бидејќи мечот меѓу Плимут и Хал веќе заврши со 1-0 и славјето беше залудно.

- Оглас -

Најнови вести