Славеле роденден, низ прозор фрлиле шише и го погодиле судијата во глава!

На натпреварот од првата белградска лига помеѓу Хајдук од населбата Лион и ПКБ дојде до прекин откако од една куќа покрај стадионот полетало шише со кое во глава бил погоден помошниот судија.

Како на филмско сценарио, во куќата до стадионот се славел роденден, славениците малку се занеле, а веројатно се свестиле што направиле дури кога полицијата им тропнала на врата. Идентификувано е лицето кое го фрлило шишето од половина литар вода со кое бил погоден судијата, па било однесено во станица да даде изјава.

Инцидентот се случил во 43-тата минута, а бидејќи судијата немал посериозни повреди, мечот продолжил и заврши со 2-1 за гостите од Падинска скела, која е позната по затворот во околината на Белград.

- Оглас -

Најнови вести