11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Славеничката фотографија на Реал во сенка на „залутаниот“ Азар!

Реал Мадрид забележа историска победа на „Камп ноу“ откако победи со 4:0 и тоа беше повеќе од доволно за пласман во финалето на Купот на Шпанија. Кралскиот клуб во Барселона дојде со негатива од 0:1 по средбата во Мадрид, но гостите беа убедени дека може да се изборат за место во финалето и тоа го направија во голем стил.

На крајот од средбата, традиционално, победничкиот тим направи фотографија за спомен од соблекувалната. Сите фудбалери се радуваа на победата, но на фотографијата која се појави на социјалните мрежи веднаш во фокусот остана еден детаљ.

Додека сите играчи се радуваат и гледаат во фокусот на апаратот кој ги фотографира, Еден Азар стои последен во редот и неговиот поглед е „залутан“ на сосема друга страна.

Фудбалерот за кого беа дадени над 100 милиони евра да дојде на „Сантијаго Бернабеу“ веќе подолг период е ставен во заборав. Азар многу малку е на теренот, најчесто е на клупата или дури и на трибините додека игра Реал, а кога ќе се појави и на ваква фотографија за славење, тој делува изгубено, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести