Првиот човек на ФК Вардар, Миленко Неделковски, објави селфи од прославата на победата над Пелистер, а истотака беше одбележан и еден јубилеј, 100 мечеви на Гоце Седлоски како тренер на Црвено-црните.
Седлоски доби и подарок дрес со бројот 100, како што тоа го прават големите клубови при вакви јубилеи.
Расположението во соблекувалната беше одлично, славеа сите од таборот на Вардар, од играчи, до стручен штаб и претставници на клубот.