Славеникот Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди, патот до 100-тата титула на Новак му е отворен

Новак Ѓоковиќ со 6-4, 6-4 беше подобар од Матео Арналди во четвртфиналето на турнирот во Женева и дојде на две победи од 100-тата АТП турнирска титула во кариерата.

Следен ривал на Новак ќе биде Алексеј Попирин или Камерон Нори. Во другото полуфинале играат Хуркач и Офнер. Денеска Полјакот Хуркач го елиминираше првиот носител Тејлор Фриц и дополнително му ја олесни работата на Ѓоковиќ околу освојување на овој турнир кој се игра на земјена подлога и претставува генерална проба за Новак пред „Ролан Гарос“ каде ќе има тешка работа (можно осминафинале со Медведев, четвртфинале со Зверев, полуфинале со Синер, а со Алкараз може да се сретне само во финале).

На Ѓоковиќ денеска му е роденден, наполни 38 години, и не сакаше да ја испушти шансата да си подари триумф над италијанскиот тенисер од кој загуби минатиот месец на Мастерсот во Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести