Ајакс – АПОЕЛ (Лига на шампиони, 21 часот)
Ајакс лесно ги решава ваквите ситуации, кога има поволен резултат од првиот меч на гости против аутсајдерите. АПОЕЛ одихра одличен меч во Никозија, имаше и подобри шанси за гол и за победа, но фаворитот се извлече со реми без голови.
Ајакс и АПОЕЛ имаат играно во Лигата на шампионите, во 2014 година и по ремито во Кипар, 1:1, популарните „копјаници“ славеа на домашен терен со убедливи 4:0. Можно е и вечерва од 21 часот на „Амстердам арена“ да има сличен развој на настаните.
Ајакс ќе игра без исклучениот Мазрауи, неколку играчи од ланскиот тим што играше во полуфиналето на ЛШ си заминаа, но тука се Зијеш, Тадиќ, Ван де Бек, Нерес, Талјиафико…
Домаќините се големи фаворити и нема да пропуштат шанса пак да бидат дел од европскиот крем во луксузното натпреварување.
Предлог тип: 1& 2-4 гола
Клуб Бриж – ЛАСК (Лига на шампиони, 21 часот)
И двете екипи играат мошне ефикасно во домашните првенства, но Лигата на шампионите е голем предизвик и тука особено во последната фаза пред пласман во групите се игра попретпазливо.
Првиот меч го одлучи најдобриот играч на Бриж, Ванакен со гол од пенал. Белгискиот состав има голема предност по победата во Линц, има поголемо реноме во Европа, многу повеќе искуство во вакви мечеви и подобар тим.
ЛАСК напрадува постојано, во Австрија велат новиот проект „А-ла Салцбург“ е во тек, но Бриж има огромна предност и ќе типуваме дека ќе игра во Лигата на шампионите.
Пред овој двомеч Бриж и ЛАСК никогаш не играле меѓусебе, а Австријците никогаш не играле во фаза по групи.
Предлог тип: Т1 1+I& T1 2+ (2.30)
Новак Ѓоковиќ – Хуан Игнасио Лондеро (САД опен, 01 часот)
Српскиот тенисер е голем фаворит за победа против Аргентинецот, ја брани титулата во Њујорк и ќе се обиде што полесно да мине во следната рунда на натпревари.
Лондеро има неколку одлични резултати во сезоната на тврда подлога, иако Аргентинците по правило се многу подобри тенисери на најбавната подлога, на земја. Му пружи солиден отопор на Роџер Федерер во Синсинати, му зема сет на Фернандо Вердаско во Истбурн, а во првото коло на САД опен го елиминира домашниот адут Сем Квери со победа од 3:1.
На тој меч имаше и еден тај-брејк, во четвртиот сет, па иако Ѓоковиќ со ривали од калибарот на Лондеро експресно ги завршува работите, ќе типуваме дека барем еден сет ќе биде одлучен во доигрување. Квотата во Sport Life да има барем еден тај-брејк е примамлива и ќе се обидеме да прогнозираме дека Лондеро ќе успее да го принуди на тај-брејк шампионот на САД опен.
Предлог тип: Има тај-брејк (3.85)
Славија Прага – Клуж (Лига на шампиони, 21 часот)
Славија издржа во Клуж и успеа да победи со 1:0 што е голема предност пред денешнито реванш меч. И двете екипи имаат играно во фаза по групи, па сега ќе тргнат без калкулации.
Клуж промаши пенал на првиот меч на домашен терен, што им носи негативен ефект пред стартот на реваншот во Прага, вечерва од 21 часот.
Романците и досега беа во слична ситуација, а дека се одлична екипа потврдија со победа во Глазгов против Селтик во претходната рунда со 4:3 во драматичен реванш меч што ги однесе во плејофот. Вечерва не можат да калкулираат, ќе мораат да постигнат барем еден гол, а нивната офанзива ќе отвори простор за брзите напаѓачи на Славија, па ќе типуваме дека и двете мрежи ќе се тресат, вечерва од 21 часот.
Предлог тип: ГГ (2.10)
Ница – Марсеј (Лига 1 Франција, 21 часот)
Ница играше многу лошо во претсезоната, загуби два меча со катастрофална вкупна гол-разлика од 2:14, но стартот во Лига 1 во Франција беше одличен.
Ница го победи и Амиен и Ним со по 2:1 и има максимален ефект по две рунди. Марсеј е во сосема обратен тренд и нема постигнато гол во стартните 180 минути во новото првенство.
Дуелите на Ница и Марсеј секогаш привлекуваат големо внимание, ова е дербито на третото коло во Франција, а последните два дуели што завршија со победи на Марсеј од по 1:0 ја прекинаа низата од пет меча на кои имаше гол-гол.
Почеток е на првенството, нема голем императив кај двете екипи и очекуваме голови на „Ривиера“ во Ница.
Предлог тип: ГГ (1.88)