Славната белоруска тенисерка доживеа емотивен бродолом и се расплака на сред меч (ВИДЕО)

Викторија Азаренка, која е една од најпознатите тенисерки на денешницата, го заврши својот настап на Индијан Велс по елиминацијата во третото коло.

Белорусинката загуби од Елена Рибакина со 3:6, 4:6 и мораше многу порано од очекувањата да го заврши настапот. Тоа што се случи во вториот сет, покажува под каков психолошки притисок е Азаренка, која во четвртиот гејм од вториот сет се расплака, повторувајќи: „Жал ми е“.

Иако успеа да се смири по повеќеминутна пауза и да продолжи, таа го загуби мечот, а јасно е дека солзите беа за сите случувања меѓу Русија и Украина.

Азаренка во два наврати го освојуваше Отвореното првенство на Австралија, а пред почетокот на Индијан Велс изјави дека се чувствува „девастирано“ за сите тие што загинале во оваа агресија.

- Оглас -

Најнови вести