Горан Пандев повторно ќе го облече дресот на Интер откако актуелниот шампион на Италија објави дека славната генерација која освои сè што можеше да се освои во светот на фудбалот ќе учествува на ревијален меч во Нанинг, Кина.
Нашиот поранешен репрезентативен капитен ќе биде дел од тимот на Интер заедно со легендите Камбијасо, Снајдер, Кордоба, Занети, Матераци, Милитао и останатите.
Натпреварот во Кина ќе се одигра на петти октомври во 14 часот по македонско време.
https://twitter.com/Inter/status/1840376481626673615?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1840376481626673615%7Ctwgr%5E8178f27072c58eba95566a2e804938d4e2c7e32b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.mk%2F2024%2F09%2F30%2FD0B3D180D0B0D0BDD0B4D0B5-D0BFD0B0D0BDD0B4D0B5D0B2-D0BDD0B0-5-D0BED0BAD182D0BED0BCD0B2D180D0B8-D0BFD0BED0B2D182D0BED180D0BD%2F