Славниот Балотели потпишува за шпански третолигаш кој се бори за опстанок?!

Поранешниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели, е во потрага по нов клуб, а изборот се чини дека ќе падне на шпанскиот третолигаш Интерсити Аликанте, кој во моментов е 15-ти на табелата. Триесет и четиригодишниот фудбалер има понуда и од ЦСКА Софија и се чинеше дека ќе се пресели во Бугарија, но според последните информации, токму Интерсити ќе биде неговиот следен клуб.

Сепак, за да се реализира овој трансфер, ќе мора да почека до јануари бидејќи во Шпанија преодниот рок е завршен и клубовите не можат да регистрираат нови фудбалери.

Последен клуб на Балотели му беше турскиот Адана Демирспор, а претходно во кариерата настапуваше и за Лумецане, Интер, Манчестер сити, Милан, Ливерпул, Ница, Марсеј, Бреша, Монца и Сион.

- Оглас -

Најнови вести