Славниот бразилски дефанзивец Дани Алвес речиси три години е надвор од фудбалските терени бидејќи беше обвинет за силување во Барселона на почетокот на 2023 година, па мина скоро 14 месеци во затвор, пред и дефинитивно да биде ослободен од сите обвиненија.
Легендата на Барселона сега планира да му се врати на фудбалот, а најверојатно ќе има две улоги. Дани Алвес ќе го купи португалскиот третолигаш Спортинг клуб де Сао Жоао де Вер, а најавува дека и повторно ќе заигра фудбал на 42-годишна возраст.
Бразилецот веќе тренира индивидуално, а како што вели и самиот, за 30-тина дена ќе биде комплетно подготвен за неговото враќање на фудбалските терени.
Дани Алвес освен за Барселона, настапуваше и за ПСЖ, Јувентус и Севиља.

