Славниот Бубка со силна порака: Не можам да спијам, но ќе победиме!

Еден од најголемите, ако не и најголемиот украински спортист во историјата, Сергеј Бубка, се јави на „Твитер“ со коментари за ситуацијата во неговата земја.

Првиот човек кој прескокна 6 метри во скок со стап, а над 30 пати го уриваше светскиот рекорд на отворено и во сала, и освои многу медали, моментно е претседател на Украинскиот олимписки комитет.

„Ја сакам Украина со целото срце. Под нејзиното знаме добив најмногу почести. Ќе победиме“ – напиша големиот Бубка кој во соработка со првиот човек на ИОК, Томас Бах, треба да координираат хуманитарна помош за Украина.

„Драги мои Украинци, олимпиското семејство не е рамнодушно кон нашата болка. Како и секој Украинец, и јас сега не можам да спијам. Својата земја ја бранам со сите средства кои ми стојат на располагање. Ги користам сите свои меѓународни врски. Војната мора да престане, мирот и човештвото мора да надвладеат“ – додаде Бубка.

- Оглас -

Најнови вести