Славниот Џабар паднал на концерт и го скршил колкот

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и втор стрелец во историјата на НБА лигата, Карим Абдул Џабар, паднал на концерт во Лос Анџелес и го скршил колкот.

Според американские медиуми, оваа несреќа се случила синоќа, но не се знае на чиј концерт бил ниту во која сала.

Инаку, Џабар има 76 години, од 2008 се бори со хронична миелоидна леукемија, во 2015 доби бајпас на срцето, а во 2020 година објави и дека се бори со рак на простатата.

- Оглас -

Најнови вести