Славниот бразилски фудбалер, Хулк, веќе пет години настапува во татковината, за екипата на Атлетико, откако претходно четири сезони мина во Кина, а во Европа настапуваше за Порто и Зенит.
Бразилецот на 39-годишна возраст повторно е во центарот на вниманието, откако и официјално се венча со внуката од неговата поранешна сопруга. Камила Анхело е две години помлада од неговата поранешна сопруга, Иран Анхело, и многу личат, а Хулк со неа е во врска веќе пет години.
Фудбалерот и Камила веќе имаат едно дете, а новата сопруга на Хулк чека и нова принова, што ќе биде вкупно петто дете за Бразилецот, откако имаше три со Иран во 12-годишниот брак.

