Еден од најпознатите клубови во Полска, Одра Воџислав згасна. Не толку одамна, тој играше во Екстракласа (најдобрата лига во Полска), а сега нема да игра ниту во петтото ниво на натпреварувањето во кое учествуваше.
Одра Воџислав порано беше еден од поголемите клубови што играа во Екстракласа и тоа во периодот од 1996 до 2010 година. Нивниот најголем успех беше освојувањето на третото место во сезоната 1996/97. Во сезоната 1996/97 тимот стигна до полуфиналето на Купот на Полска, а во сезоната 2008/09 беа финалисти на Екстракласа Купот.
Клубот испадна од највисоката лига во сезоната 2009/10. По падот, Одра се соочи со сериозни финансиски проблеми, што на крајот доведе до целосен колапс.
Сегашниот претседател на Одра Воџислав, Мацеј Хандверкер, извести за целата ситуација преку медиумите на клубот:
„Кога ја прифатив функцијата претседател, верував дека клубот е во многу подобра ситуација. За жал, откако ја разгледав комплетната документација, се покажа дека тоа не е случај. Недостатокот на финансиска ликвидност на клубот предизвикан од тоа што компанијата работеше исклучиво благодарение на поддршката од 20% од акционерите, во отсуство на специфични спонзори, значеше дека Одра Воџислав нема да учествува во натпреварувањето од петтата лига. И покрај напорните обиди да се вклучат што е можно повеќе луѓе и субјекти во животот на Клубот, тие не дадоа задоволителни резултати“, се вели во соопштението на претседателот на Орда.
„Исклучително ми е жал што исто како што не успеавме да се справиме на натпреварувачки план, потфрливме и на организациски. Немаше шанси за успех без финансирање. Би сакал да им се заблагодарам на Матеуш Слодови и Марчин Ошлислок – што секогаш можевме да сметаме на нив“, додава првиот човек на Одра.