Славниот Рафа Бенитес по речиси 20 месеци пауза му се враќа на фудбалот

Славниот шпански тренер, Рафа Бенитес, по пауза од речиси 20 месеци му се враќа на фудбалот и ќе биде нов предводник на грчки Панатинаикос. Екипата од Атина во моментов е на седмата позиција во грчкото првенство и токму тоа беше причината за разделбата со Христос Контис.

За 65-годишниот тренер ова ќе биде 15-ти клуб во неговата кариера, а претходно ги водеше Реал Мадрид, Ваљадолид, Осасуна, Екстрамадура, Тенерифе, Валенсија, Ливерпул, Интер, Челзи, Наполи, Њукасл, Далиан, Евертон и Селта Виго.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести