Славниот рапер 50 Центи реши да му даде понуда на Хабиб Нурмагомедов, а светскиот првак веднаш прифати. Нурмагомедов ја одбрани титулата светски првак во лесна категорија во УФЦ, откако со технички нокаут го совлада Конор Мекгрегор. Шоуто од таа борба продолжи и надвор од рингот кога Хабиб се степа со дел од членовите на тимот на Ирецот.
Борбата на деценијата предизвика невиден интерес, а сега реши да се вклучи и познатиот рапер. Прославениот 50 центи како млад бил аматерски боксер, потоа беше и промотер на боксерски натпревари, а сега е бренд амбасадор на „Белатор“, која е конкурентска организација на УФЦ.
„Мислам дека е погрешно тоа што Хабиб работи со УФЦ. Ќе му платам два милиони долари во кеш, за да се бори за мене во Белатор“, напиша раперот на својот инстаграм профил.
ПО оваа понуда, веднаш стигна и одговор од Хабиб. „Само кажи ми која е локацијата“, е одогворот на светскиот првак кој има 27 победи во исто толку мечеви.