Бронзениот со хрватската репрезентација на Светското првенство 1998, Роберт Просинечки, има нов тренерски ангажман откако одлучи да ја прифати понудата и да биде новиот селектор на селекцијата на Киргистан.
Хрватот со раководството на Фудбалскиот сојуз на земјата која во моментов е на 104-тото место на ФИФА ранг-листата потпиша едногодишен договор, со можност да биде продолжен на уште две доколку Киргистан направи добар резултат на Азискиот куп.
Просинечки до неодамна беше селектор на Црна Гора, а претходно ја предводеше и селекцијата на Босна и Херцеговина, но и Азербејџан. На клупски план ги тренираше Црвена ѕвезда, Кајсериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш.
Како фудбалер стана европски шампион со Црвена ѕвезда, но и светски младински со Југославија, додека со Хрватска освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година.

