Кристијано Роналдо пред неполни два месеци наполни 40 години, но воопшто не размислува да намали во темпото за игра. Ветеранот е главна ѕвезда во Ал Наср, а на теренот е вистински лидер. Најчесто отсуствува само кога е повреден или суспендиран.
На последниот меч, на Ал Наср против Ал Колуд, Роналдо беше повлечен од игра во 60 минута. Неговиот тим водеше со 3:1 и речиси беше јасно дека Ал Наср ќе победи, но на Роналдо едноставно не му се допадна дека мора да излезе од игра.
Роналдо е во трка да ја достигне неверојатната бројка до 1.000 погодоци во кариерата. Моментално е на 929 голови и затоа сака да биде секоја можна минута на теренот, за да има поголеми шанси да постигне повеќе погодоци.
Токму затоа одлуката на тренерот на Ал Наср, докажаниот Стефано Пиоли да го извади Роналдо од игра по само 60 минути, може да предизвика негативни последици за стратегот.
Шпекулациите се дека Роналдо толку многу се налутил што може да прекизвика таква реакција за Пиоли да добие отказ. Контра Пиоли се и резултатите на Ал Наср. Тимот има 51 бодови и заостанува дури 10 зад лидерот Ал Итихад. Второпласираниот Ал Хилал е со 57 бодови.
Роналдо има договор со Ал Наср кој истекува ова лето. Засега нема накава дали Португалецот ќе го продолжи договорот со тимот во кој годишно заработува по 200 милиони евра.
Иако го имаат Роналдо во своите редови, трибините на стадионот на Ал Наср веќе не се исполнети до последно место. Сезонава во просек има по околу 12.000 гледачи на мечевите на кои Ал Наср е домаќин. Некои од фановите на Ал Наср се разочарани затоа што ниту со доаѓањето на Роналдо во тимот, не е освоен ниту еден трофеј, а екипата е во сенка на успесите кои ги постигнуваат Ал Итихад и Ал Хилал.