Славниот тренер го смени агентот и сега е на чекор од доаѓање во Барселона

Германскиот новинар Флоријан Плетенберг верува дека Ханси Флик може да биде новиот тренер на Барселона од следната сезона. Според најавите, Флик решил да ја смени менаџерската агенција која го застапува и сега е дел од агенцијата на Пини Захави.

Тоа е човекот кој меѓу многуте фудбалски имиња е менаџер и на Роберт Левандовски и тој го договори трансферот на Полјакот во Барселона. Захави е во одлични односи со претседателот на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта, и токму затоа сега се засилени шпекулациите дека Флик е наследникот на Чави Ернандес.

Флик е без работа веќе шест месеци, откако беше сменет од селекторското место во германската репрезентација поради серијата лоши резултати. Пред тоа беше предводник на Баерн Минхен, со кого доминираше во Германија, а ја освои и Лигата на шампиони.

Како главен противкандидат на Флик се споменува Роберто де Ѕерби, кој во моментов има ангажман во Брајтон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести