Садио Мане, Роберто Фирмино и Мохамед Салах е напаѓачкото трио кое на Ливерпул му носи невидена серија на победи во Премиерлигата, претставуваат страв и трепет за сите одбрани, но статистиката покажува дека во Топ 5 лигите во Европа, има три тимови со поопасно трио од ливерпулското. Барем бројките го кажуваат тоа.
Триото на Ливерул има 38 гола сезонава, но играле над 7.200 минути и во просек погодуваат на секои 191,6 минути. Барселона ги има Меси, Суарес и Гриезман кои даваат гол на секои 138,6 минути (39 гола за 5.407 минути), а Манчестер јунајтед е изненадувачки втор со 39 гола на 5.161 минути, или гол на секои 132,3 минути. Триото на Јунајтед се Рашфорд, Марсијал и Гринвуд кои се млади со просек од 21,3 години за разлика од триото на Ливерпул или Барса кои имаат просек нешто над 30 години.
Сезонава најопасно трио има Пари Сен Жермен. Мбапе, Нејмар и Икарди имаат 51 гол за 4,234 минути, или во просек на секои 83 минути еден од нив тројца дава гол. Во ПСЖ, двоцифрен број на голови има и Ди Марија, што тој напад го прави најопасен во Европа.