25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Следењето на Меси прерасна во нарушување на приватноста (видео)

Додека пред „Паркот на принцовите“ и во одредени делови на Париз, голем број на навивачи на ПСЖ се собраа да го пречекаат Лионел Меси, капитенот на Аргентина и натаму се наоѓа во својот дом во Барселона и дефинитивно денеска нема да го реализира трансферот.

Но, следењето на секој потег на Меси се претвори во нарушување на приватноста, бидејќи секој негов потег е пренесен на јавноста од страна на англискиот медиум „Скај спортс“ и новинарот Гери Котерил кој цел ден трпеливо седи пред портите на куќата од ексиграчот на Барселона.

Прво камерите го фатија како Меси опуштено си шета низ својот двор, со претпоставка дека ќе плива во базенот, а најново е што играл пинг-понг со блискиот пријател и ѕвезда на Атлетико Мадрид, Луис Суарес.

Нормално е да се дружи со поранешниот соиграч со кого пет години ја делеше соблекувалната, а новинарот на „Скај спортс“ го искритикува Суарес што наместо да е на подготовки со шпанскиот првак, се забавува со Меси.

Ова е цената која Аргентинецот ја плаќа за своите речиси недостижни остварувања во фудбалот и титулата „најдобар на сите времиња“.

https://twitter.com/footballdaily/status/1424801678323339264

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1424760624274415621

 

- Оглас -

Најнови вести