Следува нов потпис во Баерн

Само пред три дена Баерн Минхен ја официјализираше повеќегодишната соработка со тренерот Ханси Флик, а во таборот на германскиот првак следи нов потпис. Иако моментално владее криза поради пандемијата со Коронавирусот, Баварците вредно работат на случајот да ги задржат своите најпотребни членови.

Најавено е продолжување на соработката со Тијаго Алкантара, одличниот играч за врска кој веќе со години е меѓу најдобрите играчи во баварскиот гигант. „Кикер“ тврди дека во прашање се ситни детали за да се комплетира нов договор за Шпанецот, иако се претпоставуваше дека Тијаго ова лето би можело да ја смени средината.

Тијаго е член на Баерн од 2013 година, дојде од Барселона за сума од 25 милиони евра, а за германскиот првак запиша вкупно 227 настапи во кои забележа 31 гол и 37 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести