15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Следи нов спектакл: Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Синсинати, а таму го чека Алкарас

Новак Ѓоковиќ го победи Александер Зверев со 2:0 во сетови и се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Синсинати. Во борба за трофејот, Ѓоковиќ ќе игра против лидерот на АТП листата, Шпанецот Карлос Алкарас, што значи дека може да се очекува уште едно спектакуларно финале.

Ѓоковиќ против Зверев одигра меч кој траеше повеќе од два часа. Во првиот сет немаше брејк, па откако стигнаа до 6:6, мораше да решава тај-брејкот, во кој Србинот беше подобар со 7:5. Во вториот сет, Ѓоковиќ уште на стартот направи брејк и имаше 5:4 кога сервираше за победа, но тогаш Зверев се спаси и стигна до 5:5. Сепак, потоа веднаш следуваше рибрејк на Србинот кој го доби сетот со 7:5 и се пласираше во финалето.

За Ѓоковиќ ова беше 1.086 победа во кариерата и се израмни со Рафаел Надал по бројот на триумфи. Пред нив се само Џими Конорс со 1.274 победи и Роџер Федерер со 1.251 победа.

Финалето на Мастерс турнирот во Синсинати се игра вечерва од 22:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести