Првакот во УФЦ во лесна категорија, рускиот борец Хабиб Нурмагомедов, ја откри веројатната локација на неговата наредна борба. По фантастичната претстава и победа против Дастин Поирие на УФЦ 242 настанот во Абу Даби, Хабиб има само една желба, да се бори во Русија.
Дагестанецот е во преговори со УФЦ федерацијата и со 80 проценти веројатност тоа ќе се реализира и Хабиб ќе се појави пред публиката во Санкт Петербург.
„Мој нареден противник веројатно ќе биде Тони Фергусон. Во Санкт Петербург постои покриен стадион, за разлика од Москва, и би можеле таму да се бориме. Тој стадион прима 75.000 луѓе, сè помалку не би имало смисол“, изјави Нурмагомедов.