Следната сезона во ЛШ ќе игра и еден второлигаш?

Шпанскиот прволигаш Вилјареал е во чудна ситуација. Во домашното првенство се бори за опастанок, а во Лигата на Европа за трофејот. Доколку се случи „жолтата подморница“ да испадне во втора лига, а да ја освои ЛЕ, тогаш во следната сезона во Лигата на шампионите ќе има и еден тогаш актуелен второлигаш.

По лошите игри и несреќни губења бодови во Примера, Вилјареал е на 18-тото место на табелата, позиција која води еден ранг подолу. Добрата вест е што уште не е испаднат од ЛЕ, каде што му претстои четвртфинале со Валенсија. Ако ја мине Валенсија, а потоа и полуфиналето и финалето, што воопшто нема да биде лесно со оглед на имињата на можните ривали, Вилјареал би станал првиот второлигаш кој е учесник во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести