16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Следниот противник на Ѓоковиќ не сака спонзори и не сака да размислува за ривалите

Францускиот тенисер Адријан Манарино е следниот противник за Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија, и е атипичен спортист во светот на тенисот.

Манарино кој по вторпат во кариерата обезбеди пласман во осминафиналето на Австралија опен (првапт играше во 2022 година) откако во речиси пет часа игра го победи Бен Шелтон, нема спонзор.

https://twitter.com/i/status/1748275262393839780

 

Французинот чиј најдобар ранкинг во кариерата му е 20-то место на АТП ранг-листата, во Мелбурн игра во едноставни маички без ниту еден спонзор на нив.

„Сакам да играм во облека во која се чувствувам пријатно отколку да носам бренд кој не ми се допаѓа. Тенисер од мојот ранг може да си обезбеди договор со производител на спортска оперема вреден 40 до 50.000 евра кои може да ги удвои доколку има успеси. Јас сакам да го носам тоа во што се чувствувам пријатно“, изјави Манарино за француските медиуми.

Манарино уште по еден детаљ се издвојува од колегите, не сака да размислува за следниот противник. Според него, мислите за размислувањето за противникот, неговата игра, маните, само му го одвлекуваат и кога ќе започне мечот, тогаш ја прави тактиката.

„За мене, тоа е последна работа за која размислувам. Тука им оставам на чувствата да доминираат, така највеќе ми одговара и веќе со години така играм“, открива Манарино.

- Оглас -

Најнови вести