23.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Следниот противник на Македонија победи на гости

Националниот тим на Грузија, против кој Македонија ќе гостува во вторник, денеска извојува победа од 1-0 на гостувањето кај Естонија во мечот од нашата група во Лигата на нации. Грузијците се наш следен ривал во вторник, и потенцијален противник во ноемвриското финале од Лигата на нации од минатата сезона, кој ќе го одреди патникот на Европското првенство закажано за следната година.

На дуелот со Естонците, Грузија ги освои трите бода благодарение на голот на Ника Качарава, играч на кипарски Анортозис. Овој напаѓач кој три сезони игра за Анортозис, добро им е познат на нашите интернационалци кои настапуваат на Кипар, особено на Иван Тричковски кој истотака веќе е староседелец на тој остров во Средоземното море.

За Грузија игра и Џиба Џигаури, фудбалер кој од 2016 до 2018 година го носеше дресот на скопски Вардар.

- Оглас -

Најнови вести