Следниот ривал на Шкупи е комплетно имунизиран

Шкупи е единствениот македонски тим кој успешно го помина првиот ривал во европските купови откако синоќа одигра 1:1 на гости кај косовски Лапи и тоа беше доволно да оди понатаму затоа што чаирчани на свој терен победија со 2:0. Следниот ривал на Шкупи е португалската екипа на Санта Клара.

Првиот меч од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА ќе се игра во Скопје на 22 јули. Гостите од Португалија пред неколку дена на својот твитер-профил се пофалија дека сите фудбалери се вакцинирани против корона-вирусот и дека тие нема да имаат проблеми, барем што се однесува до пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести