26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Следниот ривал на Вардар е во сопственост на газдата на Манчестер јунајтед

Вардар успешно го помина првиот европски предизвик летово. Со вкупни 5:2 е елиминирана екипата на Ла Фиорита од Сан Марино. Следен противник на Црвено-црните ќе биде екипата на Лозана од Швајцарија.

Лозана е многу позвучно име од Ла Фиорита, а со тоа јасно е дека и Вардар ќе има многу поголем предизвик да се обиде да ја помине и оваа препрека. Минатата сезона Лозана заврши на петтото место во домашното првенство, а интересно е дека во 2023 година тимот играше во Втора лига.

Интересно за Лозана е дека од 13 ноември 2017 година овој клуб е во сопственост на Инеос, мешовитата британско швајцарска компанија специјализирана во петрохемиската индустрија, која што пак е во сопственост на Џим Ретлиф. Името на Ретлиф во јавноста е познато бидејќи тој е сопственик и на англискиот гигант Манчестер јунајтед.

Просто речено, следниот ривал на Вардар го има истиот сопственик како и англискиот премиерлигаш од „Олд Трафорд“. Човекот кој се обидува да го врати Манчестер јунајтед на победничка патека, но засега не успева.

Лозана не е клуб кој е познат по настапите во Европа. Последен пат бил дел од европските натпреварувања во 2011 година, кога беше во групната фаза од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести