Бешикташ и Анталијаспор играат без голови по првото полувреме во Истанбул, а иако немаше погодоци во првите 45 минути, еден момент стана вирален низ целиот свет. Во 4 минута и 17 секунда, од трибинтие на стадионот беа фрлени илјадници плишани играчки.
Времето од 4:17 на семафорот е точното време кога пред 20-тина дена се случи разорниот земјотрес во Турција. Во точно 4 часот и 17 минути стресе земјотресот со силина од 7,8 степени според Рихтер во кој загинаа преку 40.000 луѓе.
Сите плишани играчки кои беа фрлени на теренот во Истанбул ќе бидат подарени на децата од погодените подрачја во Турција. Со овој потег, навивачите на Бешикташ дефинитивно се победници на денот.
"Bir başkadır benim memleketim…" pic.twitter.com/cipmCNXUry
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) February 26, 2023