Кариерата на Михаел Скибе се движи во опасна надолна линија, а денеска 54-годишниот тренер доби отказ и нема да биде предводник на младиот тим на Борусија Дортмунд.
„Точно е дека заедно се договоривме со Скибе да не биде тренер на вториот тим на Борусија“, изјави Ларс Рикен, кој е кородинатор на младинските категории кај Милионерите.
Ова е лош период во кариерата на Скибе, веројатно и најлош досега откако во Борусија се врати лани. Претходно три години беше селектор на Грција, а беше шеф на стручниот штаб токму и на Борусија, потоа и на Баер Леверкузен, Ајнтрахт Франкфурт и Херта во Германија.
Скибе е многу познато фудбалско име, како играч настапуваше за Шалке 04, а има настапи и за младинската репрезентација на Германија.
Како тренер работеше и во Галатасарај, Ескишехир, Грасхоперс, а му беше и помошник на селекторот на Германија Руди Фелер од 2000 до 2004 година.